Џет-Сет
20. October 2016 - 10:44

Ова ретко се гледа: Саканата го запроси македонскиот пејач и му клекна на колена!

Пред неколку години овој тазе младоженец се претстави на музичко шоу „Македонски Идол“ каде остана до самото финале, а по завршувањето не се откажа од музиката. Сега, охриѓанецот Денис Мурат настапува низ земјава во кафулиња и дискотеки, а за разлика од порано, поретко можеме да прочитаме некој новитет за него.

Но, веруваме дека домашните медиуми денес нема да го заобиколат, бидејќи тој го изговори судбоносното „Да“.

Имено, неговата девојка Стефани Стефановска, која воедно е пејачка, решила да ги смени правилата и да го запроси својот сакан.

14064287_10209589372307936_826922000817977569_n

10406711_10205225047242537_1576048138706484124_n

„Кажав „Да“, се пофали Денис на Фејсбук за убавата вест, а на честитките им немаше крај.

Овој музички тандем сега има уште посилна врска, а нема да биде чудно доколку изненадат и со брачно дуо на естрадата.

Вака изгледаше запросувањето:

%d0%b8%d1%83%d0%b8