Свет
2. November 2016 - 15:00

Ова повеќе не е шала: кловновите почнаа да напаѓаат луѓе!

Големата инвазија на кловнови во Австија досегна на едно ново, прилично застрашувачко ниво.

Во австрискиот град Лиебенфелс маж маскиран во кловн претепал 18 годишна девојка, јавуваат германските медиуми. Нападот се случил во понеделникот околу 5 часот наутро кога девојката која била во автомобил, ја застанал непознат наоружан маж маскиран во колвн.

Мажот ја извлекол девојката од автомобилот и од неа на лош германски и побарал пари. Откако му кажала дека во себе нема пари, мажот се нафрлил на неа и ја удрил со оружјето по глава, а потоа побегнал.

Осуманаесетгодишната девојка е здобила со тешки повреди на главата и итно е префрлена во болница во Клагенфурт, каде, помеѓу останатото е задржана поради тежок потрес на мозокот.

Полицијата сеуште го нема пронајдено мажот кој ја нападнал девојката, единствен опис кој го имаат е дека личел на кловн.