Свет
3. јуни 2018 - 22:29

Ова никој го нема видено претходно: Ѕиренете во раскошот во кој живее Ким Џонг - ун

Рускиот новинар Валери Шарифулин имаше можност да види во каков раскош живее севернокорејскиот лидер.

Тој за време на службената посета на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Северна Кореа доби можност да ѕирне во домот на Ким Џонг - ун.

Точната локација на резиденцијата не е позната, освен тоа што се знае дека се наиѓа во близина на главниот град Пјонгјанг.

Фотографиите покажуваат модерно здание уредено во минималистички стил, опкружено со прекрасни градини, а се верува дека севернокорејскиот лидер поседува десетина недвижности во главниот град.

На една од фотографиите на приодот кон зградата е паркиран црн мерцедес.

Kurir.rs/24sata.hr