Ова никогаш не го виделе помладите од 30 години: Утре на небото не очекува спектакуларна појава!
Астрономите ги повикуваат луѓето кои гледаат во ѕвездите едноставно да го насочат погледот кон исток. Целосното помрачување на Месечината заедно со т.н. супермесечина е спектакл, кој се очекува утре вечер или рано изутрина в понеделник, во зависност од тоа каде се наоѓате на планетата.
Тоа е комбинација, која не е видена од 1982 година и нема да се повтори до 2033 година, соопшти американската вселенска агенција НАСА.
Т.н. супермесечина се случува кога полната Месечина или младата Месечина се наоѓаат најблиску до Земјата. Иако тоа и натаму е оддалеченост од околу 350 илјади километри, Месечината ќе изгледа поголема и посјајна од вообичаено.
Целосно помрачување на Месечината ќе трае повеќе од еден час и ќе биде видливо, доколку дозволат временските прилики, од Северна и Јужна Америка, Европа, Африка и западна Азија.
Во Европа Месечината, Земјата и Сонцето ќе се наредат еден зад друг некаде пред зората в понеделник од 4:11 до 5:32 часот по централноевропско време.
Месечината не произведува сопствена светлина, туку ја добива од Сонцето. Рано наутро в понеделеник Месечината ќе биде во совршена рамна линија со Сонцето и Земјата.
- Ќе имаме целосно помрачување, бидејќи целата Месечина ќе биде прекриена со сенката на Земјата, изјави Паскал Декам, астроном од Париската опсерваторија.
Пред очите на набљудувачите Месечината ќе исчезне, бодејќи на неа нема да паѓаат сончевите зраци и повторно ќе се појави обоена во црвено, поради што се вика и „Црвена Месечина“.
- Месечината во понеделник ќе биде најблиску до Земјата и ќе изгледа особено сјајна и голема на небото, ќе изгледа 14 отсто поголема и 30 отсто посјајна, изјави Сам Линдси од Лондонското кралско друштво на астрономи.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација