Ова никако не го правете за време на земјотрес - како да се заштитиме?
Земјотресите станаа секојдневние во нашата земја. Тлото во Охрид не престана да се тресе, поради што охриѓани во паника ноќите ги поминуваат под отворено небо, особено по потресот од 5 степени. Еве неколку совети како е правилно да постапите во случај на земјотрес.
Ако земјотресот се случил во текот на ноќта, и вие се наоѓате во целосна темнина, не брзајте да запалите свеќа или запалка. Ако имате батерија, тогаш искористете ја неа. Ако немате други извори на светлина, тогаш прво почекајте, помирисајте да не има истечено гас или бензин или некое друго експлозивно средство, и после користете запалка, за да не дојде до пожар или некоја несреќа.
Ако забележите некој мал пожар во домот, потрудете се сами да го изгаснете. Ако е поголем, прво изнесете ги на безбедно место децата и ако има повредени. Не допирајте оголени жици или ако им до нив близу метални и водени предмети.
Не влегувајте во зоната на рушевините бидејќи можете да станете жртва. Ако знаете дека под рушевините останале луѓе, не брзајте самостојно да ги спасувате и да ги расчистувате тулите и бетонот. Запомнете дека секое ваше невнимателно движење може да предизвика понатамошно разрушување и смрт на луѓето кои се под нив.
Ако имате можност, облечете чевли со тврд ѓон за да не се повредите од скрешните стакла и делови од циглите или други остри предмети кои паѓале.
Морате да се подготвите самостојно да ги преживеете наредните неколку дена. Затоа, потрудете се да земете и складирате на суво и безбедно место продукти, конзерви, двопек, грицки, суво овошје и сл.
Ако има пукнати оџаци или некој друг вградени печки на цврсто гориво, во никој случај немој да палите оган за да не предизвикате пожар.
Ако земјотресот ве затекол на работа, потрудете се прво да им помогнете на колегите и клиентите кои се затекнале околу вас, а потоа одете дома.
Ново на Сител
-
Фриленсерството во Македонија - Предности и маани
-
Започна церемонијата за потпишување на Кодекс за фер и демократски парламентрани избори
-
Специјализантите незадоволни продолжуваат со штрајкот
-
100 болни и изнемоштени лица во Штип се пријавиле за гласање во домашни услови
-
Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска
-
Преглед на вестите од светот
-
Меѓаши: Сериозно е нарушена психолошка состојба на децата
-
Со исказ на сведоци денеска продолжи судењето за Пендиков