Живот
20. October 2015 - 19:20

Ова не се гледа секој ден - Бабичка фаќа кривина на две тркала

Една бабичка стана хит во Британија откако при излегувањето од бензинска пумпа, закачи дел од потпорниот ѕид, повози малку на две тркала и смирено се приземји. Видеото снимено од камерите на бензинска станица во Велс ја покажува оваа смешна и застрашувачка сцена.

Без воопшто да испаничи, постарата госпоѓа успева да ја исконтролира ситуацијата и да го приземји автомобилот на улицата.

Луѓето од бензинската велат дека жената била во раните 80-ти, години како и дека воопшто не била вознемирена од инцидентот.