Живот
9. November 2017 - 15:17

Ова ќе ве наежи: Дете може да ја заврти главата наопаку

Мухамед Самир (14) од Карачи, Пакистан има способност сопствената глава да ја ротира за 180 степени.

Тоа почнал да го прави уште како детенце, а првпат се обидел откако изгледал американски хорор филм, по што забележал дека без проблеми може да ја заврти главата наопаку.

Неговите родители на почетокот биле загрижени и нон стоп го наговарале да престане да го прави тоа, но не успеале.

- Мајка ми посебно беше против моите вежби, но со време сфати дека тоа е дар од Бога, вели Мухамед.