Живот
18. January 2020 - 18:27

Ова идниот луксузниот дом на Хари и Меган во Канада

Домот принцот Хари и Меган Маркл сакаат да го купат за да го започнат новиот живот во Канада е луксузна куќа на четири спрата со 6.900 квадратни метри. Според британските медиуми, станува збор за куќа во елитна населба во западниот дел на Ванкувер, а се проценува дека ќе ги чини 21 милион фунти (скоро 25 милиони евра).

Градината на домот излегува на плажа, а едната страна на домот е само со прозорци со неверојатен поглед кон водата.

Куќата е стара 108 години, а во овој крај живеат многу познати личност, милионери и бизнисмени.