Живот
30. December 2018 - 14:00

Ова го има само во Русија: Погледнете ги Дедомразовците како скокаат од покривите на зградите

Падобранци маскирани како Дедомразовци се спуштија на една од централните московски улици Нови Арбат.

Жителите на Москва на 28 декември ги набљудуваа падобранците во костимите на Дедо Мраз како наизменично скокаат од покривот на повеќекатниците на Арбат.

На снимката се гледа како еден по еден Дедо Мразовците се приземјуваат на пешачката зона Нови Арбат и на минувачите им ги честитаат престојните празници.