Џет-Сет
25. September 2016 - 14:26

Ова е жената за која Дино Мерлин ги отпеа најтажните стихови

Емка Хусеинбеговиќ била сопруга на познатиот босански пејач, Елдин Хусеинбеговиќ, а имала трагична судбина поради која се напишани и отпеани најтажните стихови на Дино Мерлин кои се хитови.

Таа била тешко болна и иако некои успеваат да доживеат длабока старост со оваа болест, Мултиплексклероза, таа не успеала долго да се бори со неа. И откажале моторните функции и завршила во инвалидска количка. Потоа, за жал и ослепела.

Кантавторот трагичната судбина го натерала да ги напише најтажните стихови, па така настанала песната "Да шутиш" која ја отпеа Дино Мерлин. 

- Личноста која најмногу ја сакам не може од мене да добие чевли, бидејќи е инвлид. Ни книга, бидејќи не гледа. Затоа ќе и подарам песни, рекол Елдин.

Емка починала во април 2013 година.