Живот
24. May 2019 - 14:34

Ова е зетот кој направи масакр во Нови Сад

Горан Јанковиќ (36), вулканизер од Ветерник е главниот осомничен за убиството на својата сопруга Мирјана (32) и нејзините родители Бранислава и Неда Пајиќ во Нови Сад.
 
Тој моментно е во бегство, по него полицијата интензивно трага, а Нови Сад е блокиран додека наводниот извршител не биде пронајден. 
 
Според првите и непотврдени информации, мотив за ова незапамтено злосторство во Нови Сад е љубомора. Наводно Горан бил убеден дека Мирјана се гледа со друг човек. Неофицијално, Мирјана пред само две недели го пријавила Горан за насилство во семејството и дека тогаш тој добил забрана за приоѓање до сопругата.
 
Судејќи по неговиот Фејсбук профил, двојката имале две мали деца, два сина. Јанковиќ често објавувал фотографии со своите синови, а во коментарите сите му честитале на прекрасното семејство кое го имаат.