Живот
29. January 2016 - 17:22

Ова е свештеник Јован, има 18 деца: Ќерката му умрела на раце, но Бог ја оживеал!

Свештеникот Јован е необичен по многу работи, гради куќи, сади дрва, итн. Има 18 деца од кои 8 момчиња (Иван, Алексеј, Александар, Григориј, Сергеј, Серафин и Евгениј) и 10 девојчиња (Олга, Јелена, Марија, Татјана, Ана, Надежда, Евдокија, Дарија, Ксенија, која трагично го загубила својот живот, и Анастасија).

 
Постарите деца веќе пораснале и се образовани луѓе. Јован е претприемач. Алексеј и Евгениј завршуваат трет факултет, два зета се свештеници а еден син е службеник.
 
Пред да се ожени и пред да стане свештеник, додека служел војска во руската армија се обучил за чевлар, механичар, возач, фризер и радио-механичар.
 
- Кога заедно со мојата жена започнавме живот, сеуште не бев свештеник. Со само 25 години имав веќе пет деца. Кога почнаа едно по друго да се раѓаат купивме куќа, одледувавме и продававме овошје и цвеќиња, ловевме риба... се сеќава свештеник Јован.  
 
 
Меѓутоа најзанимливото од се, е тоа што свештеникот Јован ден пред пожарот во кој изгорела неговата куќа рекол "Господе, те молам помогни ми, научиме да градам. Пари имам, ми се родија пет деца, а немам каде со нив". Само два дена подоцна куќата потполно му изгорела, но за среќа никој не бил повреден, сите останале живи и здрави.
 
Во тоа време целиот живот му тргнал во надолна линија, тој тогаш не бил свештеник но со сето срце верувал во Бог и му се молел. 
 
 
- Две мои деца можеа да починат на интензивна нега, но сепак заедно со мојата жена се молевме, и децата преживеаа. Токму во тоа време надлежниот епископ сугерираше да ја започнам Светотројската парохија и не сакаше да слушне за мое одбивање. Ми даде три дена добро да размислам, во тие три дена состојбата на мојата ќерка Јелена се влоши, почна да се гуши. Ја носев на раце, после седум месеци борба за живот, мавташе со рацете и нозете, престана да дише и ми умре на раце. Во тој момент го замолив Бог да ми ја врати, да ја оживее и се заколнав и ветив дека ќе направам се за да изградам храм. Тогаш ми дојде на памет да и дадам воздух преку уста - се присетува свештеник Јован како Бог ги слушнал неговите молби. Денес неговата ќерка е попадика, омажена за свештеник со кој има три деца. Нејзиниот прв син го носи името Јован по неговиот дедо.
 
"Ако се двоумиш дали да се ожениш, тогаш немој"
 
Јован вели дека Бог него и неговото семејство ги ставил на големи искушенија - едното дете го изгубиле, преживеале три пожари оставајќи три куќи во пепел зад нив, две деца во тие пожари им се бореле за живот, живееле во колиба полна со глувци но не се предале. 
 
 
А кога ќе го прашаат што да прават во денешно време, кога многу млади се плашат од брак, обврски и деца... 
 
- Не треба да се плашите. Но знајте дека најважно е илјада пати да измерите а еднаш да пресечете. Ако мажот одлучил да се венча со својата сопруга, тој треба да сфати дека тоа е за цел живот. Ако не го сфатил тоа, ако сеуште се двоуми, тогаш поубаво да не се жени. И жената која е во дилема, не треба да се омажи за да не направи грешка. Само ако двајцата се спремни да бидат заедно до смртта, само тогаш...- вели свештеник Јован додавајќи дека децата не се планираат, тие се Божји дар!