Балкан
9. August 2018 - 18:58

Ова е страшна трагедија, тој ни мравка не би згазил: Гоца Тржан неутешна по убиството на кумот

Кумот на Гоца Тржан, Марио Тртиќ(28) вчера е убиен, а пејачката е неутешна поради неговата смрт.
 
-Очајни сме и претажни. Страшна трагедија. нашиот кум не би згазнал ни мраква. Немаме зборови. Беше најпитом човек на светот- рекла Гоца.
 
Осомничен за убиството е шеесет и шест годишниот Митар Вуковиќ од Нови Сад.
 
Како што пишуваат српските медиуми, по пријавата од семејството дека Марио долго го нема, полицијата тргнала во потрага.
 
По претрес во неколку куќи, дошле до куќата на Митар и воочиле мопед.
 
-На терасата од куќата, полицијата пронајде две безживотни тела. Се претпоставува дека Митар прво го убил Марио, па потоа извршил самоубиство. На терасата имаше многу чаури, на сите страни – вели извор од Министерството за внатрешни работи во Србија.
 
Никола, таткото на Марио и убиецот Митар често се дружеле и седеле во пицеријата која е во сопственост на чичкото на Марио.
 
Сите во селото се убедени дека ова убиство е само одмазда од страна на Митар кон Никола, а дека Марио е само колатерална штета.