Живот
15. April 2016 - 12:04

Ова е серискиот убиец од Сибир: Силувал и масакрирал над 20 жени

Истражителите кои работат на случајот на рускиот сериски убиец Михаил Попков открија низа ужасни гробници полни со остатоци од жени. Сибирскиот ѕвер Михаил Попков, познат и под прекарот „Врколак“ во затвор отслужува доживотна рабобија поради силување и убиство на 22 жени.

Истражителите до овие сознанија дојдоа благодарение на самиот Попков кој ги призна убиствата кои истражителите претходно не ги поврзуваа со него. Полицијата стравува дека таа бројка би можела да биде и поголема, и дека Попков би можел да го надмине и својот идол, Андреј Чикатило, познат како „Месарот од Ростов“ кој убил 53 лица.

Кога Попков (51) го уапсија во 2012. година озлогласениот сериоски убиец рече дека сакал да ги исчисти улиците на Ангарск од проститутки, а поранешниот полицаец своите жртви по силувањето ги масакрирал со секира, штрафцигер и ножеви. Со оглед на тоа дека работел како полицаец, на жртвите им нудел превоз во текот на ноќта, а тие му верувале, по што ги носел со колата до блиската шума каде брутално ги убивал.

Foto-ilustracija: Profimedia/Fancy

Полицијата верува дека Попков почнал со убивање кога во кантата за ѓубре покрај својот дом нашол два искористени кондоми. Веднаш се посомневал дека жената го мами, шт му било поттик за ѕверските убиства. Подоцна се утврдило дека сопругата немала никаква афера.

Извори блиски до полицијата тврдат дека Попков сега „пее како птичка“ и признава и други убиства кои претходно не биле поврзани со него. Од полицијата засега не ја откриваат новата бројка на жртвите на „Врколакот“, зошто долгата и макотрпна истрага се уште трае.