Свет
22. March 2016 - 16:20

Ова е првата фотографија на терористите од Брисел, тие се осомничени за терористичкиот напад

По терористичките напади што денеска се случија во Брисел уапсени се тројца државјани на Белорусија, осомничени за вмешаност во нападите, објави руската агенција Sputnik, пренесува Guardian.
 
„Тројцата осомничени се Иван и Алексеј Довбаш од Белорусија, додека третиот е Марат Јунусов со потекло од Дагестан, кој пред неколку години добил државјанство од Белорусија“, пренесува Sputnik. И тројцата наводно се поврзани со ИСИС.
 
Според изворот од Министерството за надворешни работи, постариот од браќата Довбаш е роден во 1988 година. Јунусов, пак, освен белоруско има и белгиско државјанство.
 
Белгискиот премиер Шарл Мишел на вонредна прес-конференција изјави дека се случило токму тоа од што најмногу се плашеле.
 
„Нашата земја е погодена од слепи, насилни и кукавички напади“, изјави премиерот Мишел.
 
Во меѓувреме, белгиските власти објавија фотографии од двајца мажи осомничени дека го извршиле нападот на аеродромот во Брисел. Засега не е објавен нивниот идентитет.