Живот
12. August 2015 - 13:34

Ова е причината зошто утринското кафе протерува!

Дали забележавте дека кога ќе го испиете кафето, особено она првото утринско, веќе после неколку минути чувствувате потреба за да го посетите тоалетот...

Сите ги имаат истите симптоми. Не е кофеинот, ако мислевте на тоа. Обидете се со кока-кола ако сакате, нема да го добиете истиот ефект, затоа што овде кафето е во прашање.

Се уште не е научно потврдено која од супстанците во кафето имаат лаксативен ефект, кој не тера да одиме во тоалет. Станува збор за два хормона, чие количество се зголемува - гастрин, кој ја поттикнува перисталтиката на цревата и холецистокин - задолжен да регулира колку често имаме потреба да одиме во тоалет. Научниците заклучуваат дека некоја од компонентите што го зголемува кафето, ги лачи овие хормони и не тера да го извршуваме она...

Се надеваме дека наскоро ќе се открие точно која супстанца не протерува, затоа што ќе им помогне многу на оние што страдаат од тврда столица.

youtube.com/watch?t=92&v=JQO6VgqdM9I