Џет-Сет
28. July 2017 - 14:34

Ова е причина поради која Лукас ја оставил Бранислава: “Дури и Соња ќе ми се смее поради тебе”

Аца Лукас својата девојка Бранислава кај која најде утеха по разводот од сопругата Соња, ја оставил поради нејзините експлицитни фотографии кои се појавија во јавноста.

Фолк-пејачот полудел кога непознати мажи почнале да му праќаат вакви фотографии на мобилниот, а со денови добивал и повици од непознат број. Ја навредувале и омаловажувале Бранислава, а врвот биле фотографиите.

Тој почнал да урла на неа кога ги видел дека таа ќе му ја уништи кариерата и сите ќе пишуваат дека неговата девојка е старлета.

– Гледај на што личиш, дури и Соња ќе ми се смее, викал тој на цел глас, според извор за српскиот Блиц.

Бранислава плачела и не можела да дојде на себе, а потоа ставиле точка на врската.