Свет
28. December 2016 - 23:03

Ова е полошо од атомска бомба: Катастрофа во најава, ќе загинат милион ипол луѓе

Сојузничките трупи и Исламската држава се подготвуваат за големата битка околу стратешки клучната брана чие пукање може да доведе до излевање на 11 милјарди кубици вода на ирачкиот град Мосул, а тоа е како да се излеат 600 Темзи.

Инженери на италијанска компанија биле задолжени околу работите на оштетената брана, но експертите предупредуваат дека нивната работа би можела да биде залудна, а ако дојде до катастрофа, се проценува дека би можела да настрадаат околу 1,5 милиони луѓе. Тоа е, според експертите разорно како и „експлозија од нуклеарна бомба“.

Ако пукне браната, по долината на ирачкиот град Мосул би се растекол 15 метарски разорен бран, што е водена маса еднаква на запремнината на 4,4 милиони олимписки базени. Инженерите на италијанската компанија ТРЕВИ 18 месеци работеа на појачувањето на конструкцијата на оштетената брана, но професор од шведскиот универзитет во Луле тврди дека мегаструктурата е осудена на пропаст, без оглед на тоа кој ја контролира.

-Градежните работи само ја одложуваат неизбежната катастрофа, прашање е на време кога ќе дојде. Тоа ќе биде полошо од фрлање нуклеарни бомби на Ирак, рече експертот за мосулската брана Надихир ал-Ансари.

Во меѓувреме околу 375 километри понатаму, битката за уште една блискоисточна брана е неизбежна. Кирдските единици се само на пет километри оддалеченост од браната на реката Еуфрат.

Потпомогнати од специјалните единици на САД, Британија и Франција, Курдите ги истераа џихадистите на ИД од блиските села и фарми, а идна мета им беше токму споменатата брана.

За разлика од онаа кај Мосул, оваа брана воопшто не е опасна за локалното население.

Рушењето на браната кај Мосул би била „хуманитарна катастрофа со епски размери“ која би можела да усмрти 1,5 милиони луѓе, предупреди американската амбасадорка во ОН Саманта Пауер претходно годинава.

По состанокот со ирачкиот амбасадор во ОН Мухамед Али Алхаким, Пауер ги повика сите земји членки на ОН да преземат итни чекори во спречувањето на можната катастрофа.