Џет-Сет
13. February 2016 - 11:00

Ова е пејачот што умре на сцена, отпеа три песни и се струполи пред публиката

Концертот на Халид Бешлиќ кој требаше да се одрижи во петокот навечер во Лабин е откажан поради смртта на пејачот на бендот Мрга Амрир Бојчиќ на бината.

На Мрга му се слошило по три испеани песни, откако ги поздравил пријателите од Пула и ненадејно паднал на подот.

Итната помош половина час се обидувала да го спаси пејачот, кој за жал, починал. Публиката потоа го напуштила концертот.

Веста ги шокираше жителите на Лабинстина и сите кои го познавале несреќниот пејач. Иако многумина знаеле дека Мрга се бори со тешка болест, смртта на сцената била ненадејна и шокантна.