Свет
3. April 2018 - 23:23

Ова е напаѓачот во зградата на Јутјуб

Корисници на социјалните мрежи пријавиле дека во главниот објект на компанијата Јутјуб се слушнале истрели од огнено оружје.

На кампусот има огромно присуство на полиција и итната медицинска помош.

Засега полицијата во Калифорнија нема објавено официјална информација за што станува збор.

Корисници на Твитер објавија фотографија на која се гледа човек, а за него пишуваат дека е напаѓачот и оти тој е сликан од камера во лифт на зградата.