Живот
26. January 2016 - 18:35

Ова е најстудениот град во светот каде температурата достигнува до минус 55 степени

Кога ќе се пожалите на студеното време сетете се на овој град во кој температурата достигнува до минус 55 степени Целзиусови, а жителите секоја година по два месеци живеат во целосен мрак.
 
 
Во Норилск, Сибир просечната годишна температура е минус 10 степени Целзиусови. Студениот период трае околу 280 денови годишно, додека повеќе од 130 дена  се со снежни бури. Поради екстремните временски услови луѓето се соочуваат со анксиозност, нервоза и депресија, пишува Daily Mail.
 
 
Градот има повеќе од 170.000 жители. Студениот период трае 280 дена годишно со повеќе од 130 дена со снежни бури и два месеца целосен мрак, темнината трае 24 часа на ден. Животот на луѓето е документиран од руската фотографка Елена Чернишова, која минала неколку дена во градот специјално за проектот „Days Of Night – Nights of Day“.