Живот
19. March 2018 - 12:29

Ова е најскапото чоколадо на светот: Кој има 7.728 евра за парче може да го проба овој уникатен десерт

Најскапото чоколадо на светот е изложено на саемот за чоколади во Обидос во Португалија.

Ограничената едиција содржи 1.000 бонбони по цена од 7.728 евра по парче. па оваа драгоценост ја чуваат двајца чувари.

Секоја бонбона е обложена со злато што може да се јаде, а се полнети со најскапите зачини: шафран, тартуф, ванила од Мадагаскар и златни ливчиња.

Креаторот на чоколадото, Португалецот Даниел Гомес, изјави дека тоа чоколадо во форма на дијамант влезе во Гинисовата книга на рекорди како најскапа во светот.

Инаку, кутијата во која е чоколадото има форма на круна и е украсена со 5.500 Сваровски кристали.