Живот
26. October 2017 - 18:21

Ова е најпопуларното име за девојче во светот

Најпопуларното име за девојче во светот е Софија. 
 
Токму ова име е најчесто во осум од 49 земји во светот.
 
Мексико, Русија, Италија, Швајцарија, Естонија, Чиле и Словачка се земјите каде родителите своите девојчиња  ги крстиле Софија. Дури во 20 земји ова име се наоѓа меѓу трите популарни имиња. 
 
Софија на грчки значи мудрост, а тајната на популарноста на тоа име е што на различни јазици се изговара исто.
 
Некои неговата популарност ја поврзуваат со познатите дами, како што се Софија Вергара и Софија Лорен