Живот
31. July 2017 - 19:06

Ова е најмалиот хотел на светот: Погледнете зошто луѓето даваат по 240 евра за една вечер

На прв поглед многу е лесно да го забележите најмалиот хотел на светот, поради црвената боја на фасада.

Хотелот е широк само 2,5 метри и опфаќа површина од 53 квадрати и баш поради тоа се наоѓа во  Гинисовата книга на рекорди, за најмал хотел на светот.

Најмалиот хотел во светот се наоѓа во Амберг и  располага со место за седење, купатило, спална соба и џакузи.

Во него може да престојуват двајца и е совршен за двајца, како за меден месец или романтичен викенд.

Овој хотел може да го посетите и да преспието во него за 240 евра од вечер.

Дали би го посетиле?