Живот
26. January 2017 - 15:53

Ова е најголемата женска „тајна“ во сексот

 
Жените не сакаат да зборуваат за болките за време на сексот, а во некои случаи ниту гинеколозитене знаат што е причина за таа болка.
 
Резултатите од неодамнешното истражување покажало дека со овој проблем се сооучува една од десет сексуално активни жени на возраст од 16 до 74 години.
 
Првата група жени кои се засегнати со овој проблем е онаа помеѓу 50 и 60 години, а другата меѓу 16 и 24 години.
 
Причина за болка кај помладите, како што велат експертите, се недостигот на искуство, како и фактот дека девојките во овој период се уште не се целосно опуштени со својот партнер. Дополнителна причина може да биде и инфекција.
 
Сепак, ниту дамите и во другата возрасна група не се ослободени од болка за време на сексот, а најчеста причина е стеснување на вагината. Верувале или не, ниту гинеколозите не знаат зошто тоа се случува.
 
Она што е најтешко во целата приказна е дека жените молчат за оваа работа и продолжуваат со своите сексуални односи. Стручните совети велат дека веднаш треба да се обратат на лекар и да се обидат да ја откријат причината за болката.