Живот
9. July 2017 - 14:11

Ова е најбрзиот воз во светот - достигнува брзина од 603 километри на час

Јапонски „маглев“, најбрзиот патнички воз на светот, го собори сопствениот рекорд постигнувајќи брзина од 603 километри на час на тест возењето.
 
Претходниот рекорд на тој воз, чиј принцип на работа е заснован на таканаречена магнетна левитација, изнесуваше 581 километар на час, а постигнат е 2003. година.
 
Јапонската железничка мрежа е една од најнапредните на светот, има стотици возови кои сообраќаат секој ден со минимално задоцнување.