Ова е момчето убиено пред својот дом во Чаир
Момчето убиено во непосредна близина на својот дом во Чаир со калашников од југо во движење е 24 годишниот Бурим Идризи, јавуваат албанските медиуми.
Убиството се случи на улицата „Џон Кенеди“, на автобуската постојка во близина на средното училиште „Цветан Димов“.
-Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидна екипа на Министерството за внатрешни работи врши увид на местото на настанот каде што денеска околу 18 часот е застрелано едно лице, соопштуваат од обвинителството .
Првичните сознанија се дека пукањето следело по вербална расправија помеѓу сега починатиот и сторителот, по што сторителот посегнал по огнено оружје и го застрелал 24-годишното момче. Од здобиените повреди кај жртвата настапила смрт. Сторителот се дал во бегство.
По наредба на јавен обвинител се подигаат траги од лице место кои ќе бидат предмет на обработка. Издадена е и наредба за обдукција на починатото лице. Основното јавно обвинителство Скопје работи на утврдување на фактите во кривично-правниот настан за што јавноста ќе биде дополнително информирана.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно
-
Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес
-
Се заокружуваат предизборните коалиции
-
Азески: Економијата да биде приоритет, а политичарите да ги исполнат ветувањата
-
Приватните специјализанти на протест – нема корекција на плати пред избори, им вратија надлежните