Свет
20. February 2019 - 15:31

Ова е моќниот циркон на Путин: Рускиот претседател ги фрли картите на маса - го претстави најмодерното оружје

Рускиот претседател Владимир Путин го претстави своето ново оружје, а најголемо внимание посвети на хиперзвучната ракета „Циркон“, која е во состојба да лета со брзина од девет махови. 
 
Како што прецезира Путин, нејзиниот домет ќе биде повеќе од 1.000 километри, а таа ракета ќе биде  оружје на подморницата и на најновите воени бродови. Таа ќе може да ги погодува морските и копнените мети, додал Путин. 
 
Тој наведе дека руската флота ќе добие седум нови повеќенаменски подморници, како и дека ќе биде покренето производство од пет најнови бродови.