Живот
21. January 2020 - 14:41

Ова е местото каде што свети Јован го крштевал Исус Христос

Ова е местото на реката Јордан каде што свети Јован Крстител го крштевал Господ Исус Христос.

Според евангелието, Исус дошол на реката Јордан, каде Јован Крстител проповедал и масовно го крштевал народот. Матеј пишува за Јовановата првобитна неодлучност да го крсти Исус, сметајќи дека Исус треба да го крсти него.

Според евангелието според Марко, по крштевањето на Исус, се видело како небото се отвора и како духот претставен со гулаб излегол од него. Евангелието според Јован не го вклучува крштевањето, но сведочи дека Исус е оној кој е Синот Божји.