Џет-Сет
3. October 2017 - 13:49

Ова е мајката на третото дете на Миле Кузмановски

Фолк-пејачот Миле Кузмановски по третпат стана татко. Неговата партнерка Jасмина Трајковска се породи со нивната ќеркичка, а Миле веќе ги има ќерките близначки Ана и Јана од бракот со неговата покојна сопруга.

Инаку, пред неколку години Кузмановски се соочи со голема трагедија, кога неговата сопруга и мајка на близначките ја изгуби битката со ракот. По извесно време, Јасмина на својот фејсбук-профил објави нивна заедничка фотографија, но и тогаш фолк-пејачот не сакаше да зборува за новата љубовна врска и за приватниот живот. Партнерката на Кузмановски беше подолго време вработена како директорка во СОС Детско село, потоа дел од службите за односи со јавност во Министерството за земјоделие, а сега работи во една невладина организација.