Балкан
17. јуни 2019 - 14:06

Ова е мајката која и ги исече вените и ја фрли од балкон својата ќеркичка во Србија

Даниела Р. (36) е мајката која утринава на својата тригодишна ќеркичка Т.Р. и ги исекла вените, па ја фрлила од четвртиот кат, а потоа истото си го сторила и себе и скокнала во смрт.

Сопругот на Даниела кога ја затекнал глетката, враќајќи се од трета смена од работа, останал во шок, по што морала да интервенира и медицинска екипа.

Вознемирените соседи кои виделе што се случило не можат да си поверуваат, бидејќи велат дека делувале како складно семејство.