Живот
16. January 2019 - 21:25

Ова е куќата на стравот во која девојче беше заробено 88 дена: Ужасни детали за двојното убиство и киднапирањето на девојче кое успеа да побегне по 3 месеци

Неколку дена откако тинејџерката од Висконсин Џејми Клос (13) успеа да побегне по 3 месеци заробеништво, објавени се застрашувачки детали за условите во кои ја држел нејзиниот киднапер и убиец на нејзините родители.

Минатиот октомври Џејк Петерсон (21) ги убил родителите на девојчето, а неа ја киднапирал. Таа се водела за исчезната се до минатиот четврток кога успеала да побегне. Петерсон е уапсен, а на истражителите им ги признал сите свои недела и раскажал како се испланирал.

 
 
Тој ја следел неколку дена, а на денот на злосторството на 15 октомври, Петерсон отишол до куќата на семејството Клос. Пукал во бравата и влегол во куќата. Прво го убил таткото на тинејџерката. Мајката и ќерката кои тоа време се скривале во бањата, ги пронашол по неколку минути.

Ја натерал мајката Денис да и залепи леплива лента преку устата на својата ќерка, а потоа со сачмарка и пукал на мајката во глава. Тинејџерката ја извлекол надвор, и ја пикнал во багажникот на автомобилот.

Ова ментално болно момче, тинејџерката ја одвел на 105 километри оддалечена локација, во мала колиба недалеку од градот Гордон, каде ја држел 88 дена. Сега се објавени и фотографиите од колибата на ужасот во која несреќното девојче поминало неколку месеци. На влезот во неугледната куќа стои натпис „Петерсоново засолниште“.

Колибата е во ужасна состојба, затрупана со ѓубре и разни предмети. Пронајдени се и кутии полни со тешки работи кои ги ставал на вратата за да не му помогне тинејџерката.

И покрај колибата се пронајдени поголеми количества ѓубре, празни конзерви пиво и шишиеа алкохолен пијалок. Во близина имало и големо пакување од 80 парчиња пелени за возрасни, кои ги користел за девојчето да не мора да го пушта во тоалет. Медиумите истакнуваат дека Џејк немал криминално досие, но неговиот брат бил осуден за сексуален деликт зошто спиел со малолетничка (16). Засега не е објавено дали Џејк ја силувал несреќната девојка.

Девојчето во полиција раскажало дека кога дошле во колибата и наредил да се соблече и ја фрлил нејзината облека. Џејк цело време на гости примал пријатели и семејството, а за тоа време таа морала да биде скриена во соба под креветот.

Се плашела да писне зошто киднаперот и се заканувал дека ќе ја убие. Парализирана од страв, таа под креветот некогаш била и по 12 часа без храна и вода. околу креветот поставувал тешки кутии кои девојката не можела да ги мрдне поради што не можела да побегне.