Живот
2. January 2016 - 18:32

Ова е ѓаволско дрво: Се доближија до црвеното дрво и исплашени побегнаа

Група планинари во Охајо налетаа на дрво со црвена линија, а кога му се доближија панично побегнаа.

Планинарите  снимиле чудна појава, стебло на дрво кое гори од внатре, што значи дека огнот е во него. Додека љубопитно приоѓале да видат што се случува, на крајот побегнале колку ги држи силата, зошто помислиле дека се работи за некоја „ѓаволска работа“.

Чудната појава е забележана во местото Дефијанс во Охајо, кое се наоѓа на 95 километри од Толедо.

-Како е можно ова се случи: -прашува еден од планинарите на снимката.

Видеото е објавено на 21 декември и до сега е прегледано повеќе од 300 илјади пати. Иако изгледа неверојатно, сепак се претпоставува дека гром удирил во дрвото и тоа почнало да гори од внатре.