Живот
20. јуни 2017 - 15:15

Ова е единствениот период кога не се препорачува да пиете вода

Водата е најдобриот пијалок за вашето здравје. Кога не внесувате доволно вода, вашето тело дехидрира и се обидува да задржи вода што често знае да направи да изгледате подуено. Единствениот период кога не се препорачува да пиете вода е вечерта.
 
 
Експертите советуваат дека 8-10 големи чаши вода се доволни за хидратација на телото, но веларт дека треба да се внимава кога и колку вода се внесува во организмот.
 
Доколку претерате со пиење вода пред спиење вечерта ќе ви се уништи од потребаа за постојано мокрење, а сонот е клучен за одржувањето на идеалната тежина. Со постојаното будење ја нарушувате рамнотежата на вашиот организам и телото влегува во состојба на стрес па почнува забрзано да таложи масти.
 
Доколку се држите до правилото „осум чаши вода на ден“ започнете го утрото со една чаша вода па, така, ќе ви останат уште седум до крајот на денот и ако сакате да си легнете околу 11 завршете со пиење вода до 9 часот.