Свет
18. July 2018 - 14:11

„Ова е чудо“, приказна која цел свет сака да ја слушне, децата откриваат како поминаа 17 дена во пештерата

Групата излезе од болница и на конференцијата за новинари одговораше за искушенијата на кои се најдоа во пештерата во која беа заробени 17 дена.

Едно од децата откри дека први зборови на спасувачот кој ги пронајде биле: „Ова е чудо!“

Тој додаде дека ги прашал: Колку ве има внатре? 13? Одлично, додека другиот додаде: „Колку од вас сте гладни?“

Сите членови на фудбалскиот тим се претствија, а меѓу нив беше и тренерот, Екапол Чантавонг, кој го дочекаа со громогласен аплауз.

Еден од спасувачите кој ги пронајде децата откри дека кога ги пронаше прашале кога ќе излезат надвор и изразиле желба за јадење.

Пред почетокот на конференцијата децата заиграа фудбал на импровизиран терен.

Дванаесет тајландски деца и нивниот фудбалски тренер, кој минатата недела се спасени од поплавената пештера, денеска првпат се појавуваат во јавност, на конференција за новинари во Чијанг Раи.

Групата излезе од болница и на конференција за новинари одговара на прашањата за искушенијата кои ги снајдоа во пештерата во која беа заробени 17 дена.

„Разговаравем за тоа тоа како да најдеме излез. Мислевме дека постои уште еден излез од другата страна на пештерата“, рече тренерот.

„Бевме уморни и гладни, само сакавме да јадење“, рече најмладиот од децата, со насмевка на лицето.

Тренерот откри дека спиеле на песок и камења, дека пиеле вода која капела од карпите и дека ги учел да се молат.

Тој рече дека верувале дека спасителите ќе дојдат по нив.

„Причината за одржувањето на оваа конференција за новинарите е за медиумите да ги постават сите прашања, по што ќе можат да се вратат во нормалниот живот без да бидат вознемирувани од медиумите, рече портпаролот на шефот на владата на Тајланд.

Тој додаде дека тоа ќе биде нивното „единствено официјално интервју“, велејќи дека потоа ќе нема разговори со новинарите.

Тие ги замолија медиумите и јавноста да ја почитуваат приватноста на децата откако се спасени, зошто како се наведува, изненадувачкото медиумско внимание може да се одрази на здравјето на детето.

„Не знаеме какви рани носат тие деца во срцата„, рече денеска пред новинарите официјален претставник од тајландското министерство за правда.

Некои тајландси телевизиски личности се пошегуваат дека децата ќе помогнат во кревањето на рејтингот на телевизиската емисија во рамки на која ќе биде емитувана нивната конференција со новинарите, а која се вика „Тајланд оди напред“ и обично е резервирана за монотони разговори за успехот на воената влада.

„Ова е приказната која сите Тајланѓани сакаат да ја слушнат. Не го исклучувајте телевизорот, не го намалувајте гласот“, се пошегува водителот на телевизијата VOICE, која често ја критикува воената влада на таа земја.

Прашањата кои новинарите ги поставуваа ги прегледуваа психијатри за да се осигурат дека нема да вознемират децата.