Живот
9. September 2016 - 10:49

Ова е брадестата жена: Не само што стана манекенка туку влезе и во Гинис

Импресивната приказна на оваа млада Британка го обиколи светот и слободно може да се каже дека ги воодушеви и засмеја луѓето. Верувале или не, активистката и модел Харнам Кау влезе во Гинисовата книга на рекорди како намлада жена со полна брада.

24-годишната Британка наведува дека нејзината брада е последица на синдромот на полицистични јајници, пореметување на ендокриниот систем кој предизвикува создавање на акни,  зголемување на тежината и раст на влакната. Овој синдром обично се јавува во пубертет или во раната младост.

-Пубертетот за неме беше нешто ужасно. Моето тело се менуваше, а ја психички не можев да се прилагодам на брзината на промените кои се случуваа, рече Каур и додаде дека во тоа време време била несигурна и суицидна.

Откако ги испробала сите методи за отстранување на несаканите влакна, како и ласерски третмани кои не само што се прескапи, туку и немаат трајно дејство, на Каур не и останало ништо друго освен да се избричи. Но и тоа не се покажало како решение, со оглед на тоа дека влакната брзо растеле.

Foto: Profimedia

-Мојата брада едноставно сакаше да остане на моето лице, а ја еден ден одлучив дека е време за одмазда, објаснува Каур. Кога сфатила дека не може ништо да промени, одлучила да се прифати себеси таква каква што е.

Наместо секој ден наново да вложува време и труд за отстранување на влакната, Каур едноставно ги оставила во природна состојба.

Оваа млада дама денеска е советник во борбата против врсничкото насилство, а во март година стана првата жена - модел со брада која прошета на пистата на Лондонската недела на модата.

-Кога сите луѓе навистина би се прифатиле и засакале себеси какви што се, меѓу тинејџерите не би имало меѓусебно злоставување. А кога не би имало злоставување, на луѓето би им било полеснод а се засакаат себеси, истакна Каур.

Printskrin: bTV

Иако минувачите и натаму и упатуваат згрозени погледи и коментари, Каур за тоа не се нервира зошто луѓето ширум светот веќе и дадоа огромна поддршка.

-Не ни сонував дека луѓето така можат да реагираат на „брадестата жена“, во сето тоа, главен врв беше всушност љубовта, заклучи таа.

Погледнете го видеото: