Ова е баба Милка која ги чувала децата на Трамп - Нема да верувате што и давал за роденден
Баба Милка од Белград која сега има 85 години, ги чувала децата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп.
- Многу е добар и вреден, има добра душа. Не знае да ги мрази луѓето. Нема извештаченост, се е природно кај него. Многу ги сака Балканците, особено Србите и српската жена, вели баба Милка за Ало.рс.
Таа за Трамп работела цели осум години, како дадилка на неговите деца, и вели дека тој ја сметал не за помошничка, туку за член на семејството.
- Ги чував синовите на Трамп, Доналд и Ерик. Добро плаќаше, беше дарежлив. Супер ми беа тие осум години. Замислете, за секој роденден ми даваше 1.000 долари. Ги сакав многу неговите деца, а и тие мене, додава баба Милка.
Додава и дека Трамп се грижи за своите деца и тие секогаш му се приоритет.
- Доаѓа дома, мие раце и веднаш се остава на свое место, па веднаш се фрла во прегратка на децата. Многу ги сака своите наследници. Ги држеше во скут и така разговараа. Прашуваше и мене како ми поминал денот, а и што правеле тие, вели Србинката.
Вели дека и е жал што се разделил од Ивана, бидејќи добро се согласувале.
- Му посакувам среќа, ја заслужува, завршува бабата.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море