Живот
23. January 2019 - 23:16

Ова е апсолутен хит на Твитер: За помалку од 24 часа ја гледаа 8 милиони луѓе и паѓаа од смеа

Популарниот словачки јутјубер Давид Добрик го исмеа братот на еден од своите пријатели глумејќи дека детето станало невидливо, а снимката стана апсолутен хит на Твитер.

Вардан прво го покрија со ќебе глумејќи дека изведуваат трик со кој ќе го направат невидлив. Откако го тргнаа ќебето од детето, Давид и сите присутни се правеа дека не можат да го видат, а тоа толку го исплаши детото што се расплака, а во еден момент и се прекрсти.

Снимката за помалку од 24 часа ја погледнаа повеќе од 7,7 милиони луѓе, а како Вардан реагирапе кога му рекоа дека го гледале цело време, погледнете сами на снимката: