Џет-Сет
15. December 2016 - 18:34

Ова е Алана, сестрата на Бела и Џиџи Хадид

Популарните Бела и Џиџи Хадид изминативе неколку години буквално го покорија модниот свет, вклучително и брендот „Викторија Сикрет“ или пак, оние списанија кои ги удостоија или не, со насловна страница.

Оние кои го следат животот и кариерата на овие топ модели, знаат и за нивната полусестра Алана. Таа е едно од децата на нивниот татко Мохамед. 

Иако не е дотолку експонирана во јавноста, и таа како и нејзините сестри, работи во модната индустрија. Имено, таа е личен помагач при купување, стилистка и дизајнерка, која моментно е позната по својата нова колекција маички со емотикони.

Нејзините фанови велат дека таа е прилично „кул“ и има одлична смисла за хумор.

Алана на Инстаграм има 112.000 следбеници, а доколку ја побарате, ќе ја најдете под името „lanzybear“.