Ова бил главен проблем во бракот на Наташа Беквалац и Лука Лазукиќ
Случајот Беквалац-Лазукиќ се’ уште не е решен, иако се замеша и судот за да го реши по правен пат. Да потсетиме, Наташа го тужеше сопругот за семејно насилство, додека, пак, Лука се брани дека не е виновен за оваа семејна драма. По тој повод, Наташа за „Курир“ изнесе пред јавноста детали од нивниот однос.
„Лука не ги почитуваше моите родители. Тоа многу ме повредуваше. Му пречеше тоа што одвреме-навреме се појавуваа коментари, па дури и од страна на неговата сестра, која ги објавуваше на својот фејсбук-профил, во смисла дека сум к*рва. Ме убедуваше дека проблемот е што сум јавна личност и што постојано предизвикувам проблеми. Јас на венчавањето го зедов неговот презиме бидејќи мислев дека тоа ќе го смири неговото его и дека самата бременост ќе ги смири нашите недоразбирања“, изјави пејачката.
Ново на Сител
-
Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени
-
Општините ќе одлучуваат дали ќе ги легализираат или рушат дивоградбите
-
Американската централна банка потврди рекордна загуба
-
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
-
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
-
Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите