Ова бебе го чуваат духови, мајката се шокираше кога ја виде снимката
Џејд Јејтс од Австралија не верувала во духови се до бизарниот момент кога здогледала две светлечки фигури како лебдат над креветчето на нејзината ќерка Луси.
Џејд духовите ги здогледала на бејби мониторот и снимката истата вечер ја споделила на Фејсбук.
-Вечерва нема мирно да спијам. До пред 5 минути не верував во духови, а сега ги гледам во собата на Луси, напиша Џејд.
Нејзините пријатели оваа објава ја прифатија многу сериозно и ја предупредија итно да ја напушти куќата. Една пријателка во светлечките фигури препозна девојче и постара госпоѓа.
-Џејд, дали сакаш да дојдам кај тебе? Ова не е зафрканција. Ова се духови, сигурно, биди многу претпазлива, и напиша пријател.
Наводните духови исчезнале кога Џејд влагла во собата да провери дали е се во ред со ќеркичката. Мајката заклучила дека ги вознемирила „духовите“ и тие си заминале.
Некои од пријателите искоментираа дека ако во куќата се појавиле ентитети од онаа страна на светот, сигурно немале лоши намери.
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците