Македонија
12. December 2015 - 18:24

ОУ Јонче Кржески во Мислешево доби нов кров

Реконструиран кровот на подрачното основно училиште Јонче Кржески во струшкото село Мислешево. Заменик министерот за образование Спиро Ристовски најави дека станува збор за училиште во кое не е инвестирано ништо во изминативе 40 години додавајќи дека во наредниот период ќе се врши промена и на прозорците и вратите и реконструкција на фасадата на Централното ОУ Јосип Броз Тито.

Во подрачното училиште каде учат 122 ученици промената на кровот значи многу а решен е проблемот и со греењето.

Инаку во завршна фаза е изборот на најдобар понудувач за изградба на спортската сала во селото Драслаица а ќе се гради и голема спортска сала во централното основно учелиште „Јосип Броз Тито“ во Струга како  дел од проектот на Мимнистерството за образование и наука за изградба на 145 спортски сали.