Македонија
6. December 2018 - 16:17

ОУ ,,Гоце Делчев‘‘ во Долно Лисиче ќе се грее на пелети - за најзагадениот воздух во Скопје се уште нема решение

Училиштето Гоце Делчев во Долно Лисиче отсега ќе се затоплува на пелети наместо на нафта. Но, за да пристигнат во училиште, основците и натаму ќе дишат загаден воздух. Долно Лисиче е епицентарот на најголемото загадување во Скопје, чисто е само кога ќе дувне ветер па така беше и денеска. За да се информираат каков воздух дишат граѓаните ќе чекаат да помине Нова година, бидејќи нови инструменти се најавени за 2019.

-„ Не бегаме од тоа скаам да ве уверам во тоа дека мерниот инструмент е многу стар не работи не ни дава за право да се криеме зад тоа. Но и покрај тоа ние го прогласивме прагот на алармирање согласно уредбата на Владата Мерките се однесуваат да се справиме со загадувачите, изјави Макрадули 

Заменикот Макрадули  котелот на палети го препорача и на останатите општини бидејќи голем проблем била нафтата на која до сега се затоплувале јавните установи. И во декември месец,  нема конретно решение за домаќинствата кои според анализите се најголем загадувач. Решенијата и мерките  кои се планираат ќе стапат на сила од наредна година. За почеток 100 куќи ќе имаат шанса да го заменат изворот на затоплување најави Макрадули. Ќе се нудат инвертори, печки на пелети а понатаму ќе се размислува кое ќе биде најефтино дали некои населби ќе бидат приклучени на парно, топлотни пумпи или гасовод.