Џет-Сет
5. November 2017 - 12:24

Отворено писмо на Ана Николиќ за разводот со Раста: Ова е мој најголем пораз во животот!

Приказната за разводот на Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ Раста последните денови ја тресе естрадата и пејачката конечно се огласи околу тоа.

Имено, Ана одлучи да стави точка на бракот со познатиот музичар, па се обрати преку социјалните мрежи во вид на отворено писмо до јавноста.

Таа ја откри вистината дека се разведуваа, но дека тој за нивната ќеркичка Тара е најдобриот татко и никогаш нема да го навредува.

„Тара има најдобар татко на светот, кого јас го сакав најмногу на свет. Едно семејство се распаѓа...Немојте да бидете толку злобни и сурови. Од мене никогаш нема да слушнете грд збор...Како и што не му дозволувам никому грд збор да каже за мојот поранешен сопруг. Ова е мојот најголем пораз во животот и многу ми е тешко. Имајте малку разбирање и почитување кон мене и Стефан, како и кон нашите семејства. Ви благодарам“, напиша пејачката на Инстаграм.