Отворено и избирачкото место во село Спанчево во општина Чешиново-Облешево
По повеќе од едночасовно одложување поради технички проблеми, отворено е и избирачкото место во селото Спанчево во општина Чешиново-Облешево.
Од Општинската изборна комисија истакнаа дека успешно е внесена базата на податоци во уредот за идентификација со отпечаток на прст, со што граѓаните го остваруваат своето гласачко право.
– Имавме одложување при отворањето на избирачкото место број 887 во селото Спанчево што се појави поради проблеми со базата со податоци. По неговото отстранување гласањето почна десетина минути по осум часот. Поради тоа, на ова место ќе се пролонгира времето за гласање, односно тоа ќе биде отворено до 20 часот и 11 минути, истакна Виолета Јанева, претседателка на Општинската изборна комисија во Чешиново-Облешево.
Во општина Чешиново-Облешево во тек е гласањето за избор на градоначалник во вториот круг, при што запишаните 5390 граѓани гласаат на 13 избирачки места, од кои две се во селото Чешиново, а по едно во останатите населени места.
Ново на Сител
-
Полицијата го пронајде возачот кој пред два дена смртно прегази жена во Неготино
-
Струмица: Автомобил удри во малолетници кои туркале возило, две девојчиња се тешко повредени
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Бојкот на наставата ООУ „Лазо Ангеловски додека не се најде решение за проблематичниот третоодделенец
-
Отстранети околу 50 кубни метри отпад од диви депонии во општините Центар и Чаир
-
Уапсени три лица во Гостивар - Пронајдена и одземена марихуана
-
Претрес во Гази Баба, пронајдена дрога, приведен дилер | ФОТО
-
ЦУК: Патот до село Дуф прооден, ќе се расчистува патниот правец Маврово - Галичник