Македонија
11. December 2016 - 9:11

Отворени навреме избирачките места во Македонска Каменица

Навреме започна гласањето во општина Македонска Каменица, а изборниот процес се одвива без проблеми.

Претседателката на ОИК Сања Митревска истакна дека сите 17 избирачки места во општината ги отворија вратите точно во 7 часот.

- Изборниот процес се одвива без проблеми. Се тече мирно, немаме дојава за некакви неправилности, рече Митревска.

Вчера во општина Македонска Каменица гласале 20 болни и изнемоштени и 1 затвореник. Во Избирачкиот список во М. Каменица се запишани 6.777 гласачи.