Македонија
15. October 2017 - 8:41

Отворени избирачките места во Штип

Отворени се гласачките места во седум часот во Општините Штип и Пробиштип.

Претседателката на Општинската изборна комисија-Штип, Сенка Андреева, изјави дека претседателите на 80 избирачки одбори (ИО) информираат дека гласањето се одвива без проблеми и во фер и демократска атмосфера. Во Општина Штип право на глас имаат 42.083 гласачи или, во споредба со Парлламентарните избори во декември минатата година, има дополнително 2.000 лица на Избирачкиот список.

Претседателката на ОИК–Пробиштип, Ана Ѓорѓиева, рече дека во седум часот се отворени 41 гласачко место, а право на глас имаат 12.921 избирач.

Локалните избори во Пробиштип се одвиваат мирно и без проблеми. Првите податоци околу излезноста на гласачите на избирачките места ќе бидат дадени околу 10 часот.