Бизнис
2. October 2015 - 8:59

Отворени денови на Катастарот во Драчево

Агенцијата за катастар на недвижности денеска организира Отворените денови со граѓаните во Драчево.

Заинтересираните од екипите на оваа институција ќе може да се информираат за прашања од областа на катастарот.

Агенцијата секоја година традиционално организира отворени денови со граѓаните во одделенијата и Центарот за катастар на недвижности.

Од оваа година се организираат и во населените места зависно од интересот на граѓаните.