Бизнис
16. September 2019 - 8:30

Отворени денови на Централниот регистар

Од денеска почнуваат отворените денови на Централниот регистар на кои граѓаните ќе имаат можност да се информираат за прашања поврзани со услугите и работата на оваа институција.

Отворените денови ќе траат до 4 октомври, а претставници на Централниот регистар ќе ги посетат регионалните канцеларии во Тетово, Куманово, Битола, Штип, Кочани, Струмица, Велес, Прилеп, Скопје и Охрид.

Целта е услугите што ги нуди Централниот регистар да станат подостапни за корисниците и да се отстранат сите административни бариери со кои се соочуваат бизнисмените при водењето на својот бизнис.

– Централниот регистар секојдневно е отворен за потребите на граѓаните, но со овие посети на членови на врвното раководство на нашите регионални канцеларии, сакаме да ставиме уште поголем акцент на прашањата и проблемите со кои бизнис секторот, а особено микро и малите бизниси се соочуваат во нивното работење, изјави во петокот директорката на Централниот регистар Марија Бошковска-Јанковски.