Балкан
25. July 2018 - 21:14

Отворена сметка за донации од странство за погодените од пожарите во Грција

Како што јави дописничката на МИА од Атина, за сите оние кои што сакаат да донираат, бројот на сметката е:

23/2341195169 
IBAN GR4601000230000002341195169

- На оваа сметка, ќе имаат можност да донираат странски држави, компании, но и граѓани од Грција и странство, соопшти грчката Влада, објаснувајќи дека целта е обнова на погодените области и на јавната инфраструктура, како и санирање на штетите.

Со сметката ќе управува тричлена комисија составене од претседателот на Парламентот и министрите за инфраструктура и транспорт и за финансии.

Државата партиципира со 20 милиони евра од Заводот за вработување, Министерството за финансии со 10 милиони, а со исто толку и грчкиот парламент.